Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Брако ДОО, потпис за успех

Компанијата “БРАКО” е основана во 1947 година во Велес, Македонија.

БРАКО ДОО, Велес се наоѓа 18 години на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија. 

Можеме да забележиме дека компанијата забележува значителни позитивни резултати во изминативе години па така и во 2021 година. Имено, приметуваме раст во вкупниот приход од 45,35% и зголемување на нивната добивка пред оданочување од  значителни 322,90%.  Исто така е вредно да се посочи дека БРАКО придонесува и за намалување на невработеноста во државата  па така го имаат зголемено и бројот на вработени од 469 на 505 во споредба со 2020.

Со достигнувањето на производството од 1400 тона на жичани производи месечно, на почетокот од 2005 година, компанијата БРАКО, се наметна како сериозен лидер во производството на жичани производи во државата, и во регионот.


Иако производите на БРАКО прераснаа во препознатлив бренд , по својот квалитет и широк асортиман на производи, со визија за успех и развој како и имплементирање на новите современи трендови во оваа област, БРАКО постојано го подобрува досегашното производство во смисла на инвестирање во нови современи технологии од оваа област, иновирање на постоечкиот начин на менаџирање со компанијата, како и проширување на постојниот асортиман на производи, од сите сфери на работењето на компанијата.

Покрај постојното производство на жичани производи, како и досегашната производствена палета на медицински мебел и товарни приколки, компанијата БРАКО воведе нова производствена програма на транспортни ленти. Сакајќи компанијата да се развива во повеќе области од потребите на општеството БРАКО отвори и своја бензинска пумпа “БРАКО ПЕТРОЛ”, која што даде една нова димензија на работењето во оваа област.

КАМ маркет го отвора својот најголем маркет во Куманово и воедно бележи ново покачување на платите

Најголемиот малопродажен синџир во земјава, „КАМ“, отвори нов 3-ти маркет во Куманово, лоциран на улица „7“ бр. 32. Исто така во „КАМ маркет“ има и ново покачување на платите на вработените

ЕРИ Корпорација – италијански бренд со производство во Македонија

Ери Корпорација е компанија основана во Македонија, со мешовит италијанско-македонски капитал, во 2015 година.

ЕУРО-ФАРМ – застапник за над 20 светски брендови од фармацевтската индустрија

Еуро – Фарм е модерна, иновативна, општествено одговорна компанија која работи на македонскиот пазар од 2000 година.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт