Голем број на луѓе инвестирајќи во осигурителните компании бараат решение за финансиска заштита и сигурност. Доброволната класа на осигурување во Република Македонија е релативно млада бранша. 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ Ви ја претставува анализата врз основа на податоците од осигурителни компании за остварена бруто полисирана премија за животно осигурување пред и за време на пандемијата, со што може да се добие појасна идеја за нивото на доверба која што физичките и правните лица им ја укажаа на осигурителните компании во изминатиот период. Според анализата може да се забележи дека во минатата година има незначителен генерален пад од речиси 5% на бројот на полиси. Сепак дел од осигурителните компании имаат издадено повеќе полиси во однос на 2019та година, една од нив е ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ АД, Скопје која што го има речиси дуплирано бројот на издадени полиси во споредба со предминатата година Во прилог погледнете ја табелата со детален приказ.
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт