Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп, глобален лидер во екстракцијата и преработка на снежно бел мермер

МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп се наоѓа а листитa на 200 НАЈГОЛЕМИ и НАЈУСПЕШНИ уште од првото издание на едицијата, поточно уште од 2003та година.

Компанијата работи со околу 30% од концесиската површина од 2,19 км2, што ја прави најголемата површина за ископ на бел мермер во светот. 

Сивец ® е регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер кој се вади од каменоломите на компанијата. Внимателно разработената комерцијална мрежа и близината до пристаништето во Солун, кое се користи како главен логистички центар, овозможуваат за  дистрибуција на Сивец®-от на сите континенти.

За 2022 во Македонија успеаа да го забележат 146то место на листата на НАЈГОЛЕМИ и 19то место на листата на НАЈУСПЕШНИ компании. 



Погоните за преработка во кои се преработува суровиот материјал од рудникот Сивец®, се лоцирани во градот Прилеп. Вкупната површина на фабриката зафаќа 65.000 м2, вклучувајќи и големи магацини за складирање на финални производи. Табли и плочки, полирани и неполирани во сите димензии, како и обработен гранулат, буња и изработени по порачка производи на CNC машините се само дел од производите кои можат да бидат произведени во фабриката. 

Сивец® мермерот е одбран да го даде карактеристичниот и ексклузивно бел изглед на многу големи и добро познати проекти – неверојатни уметнички дела, како што е величенствената Голема Џамија на Шеик Заед во Абу Даби. Како еден од последните големи и значајни проекти од светски рамки во кои е имплементиран Сивец®-от на Мермерен Комбинат е величенствениот Vendome Mall во Катар каде нивниот мермер е употребен на површина од 80.000 м2.

Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт