Една од најпознатите градежни компании која долги години успешно проектира и изведува бројни проекти, е ЗСФ КОМ, која е воедно и една од најголемите и најуспешните компании на пазарот.
Искуството, високата стручна подготовка на вработените и постојаното усовршување на техничко-технолошката структура и опремата овозможуваат оваа компанија да може да одговори на секакви проекти, посебни барања и високи стандарди за реализација. Она за што ЗСФ КОМ се залага е изградба на тим од квалитетен, високо образован кадар кој е стручен и подготвен за изведување и на најсложените проекти. Дека станува збор за една компанија која е во фаза на истражување и развој ни покажува и тоа што ЗСФ КОМ постојано тежнее кон проширување на активностите и инвестициите кои ги превзема.
Во последните години речиси секоја година ЗСФ КОМ е дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ и тоа со високи рангирања помеѓу најуспешните компании. За прв пат компанијата се појавува на листите во 2012 година со добивка од 52,3 милиони денари и се рангира на 149тото место, со 9 вработени, а низ годините резултатите се сé подобри па така во 2021 година ЗСФ КОМ се најде на 193тото место на листата на најголеми и на 32рото место на листата на најуспешни со вкупен приход од 1,1 милијарда денари и добивка од 359 милиони денари. Споредбено со 2020 година компанијата има остварено раст на вкупниот приход од 56,72% и раст на добивката пред оданочување од 43,36%. Заклучно со декември 2021 година, просечниот број на вработени е 23 луѓе.
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт