Имајќи директен пристап и контрола на главната сировина преку висококвалитетните рудници кои се во сопственост на компанијата, Вардар Доломит се наоѓа во стратешка предност во однос на неколкуте други производители на доломит во светот. Преработката на суровини кои се добиваат од локални рудници претставува високоефикасен производен процес кој го минимизира влијанието врз околината и ја подобрува одржливоста на бизнисот.
Употребата на доломитот во индустријата за челик е рапидно зголемена во последните децении како резултат на нивната позитивна определба за производство на чист челик во чиста животна средина.
Фабриката за доломитни огноотпорни материјали е изградена во 1964/65 г. во состав на претпријатието РИОМ"Силика" од Гостивар. Во Јули 2003 г. Турската компанија "Haznedar Refrakter Sanai", станува 100% сопственик на "Силика-Доломит", сегашен "Вардар Доломит"-ДООЕЛ Гостивар. По превземањето на фабриката, новиот сопственик вложи дополнителни средства за модернизација и рестартирање на производството и континуирано вложува се до ден денес.
Во 2022 година компанијата успеа да го забележи 113 место на листата на Најуспешни компании рангирани според вкупната добивка пред оданочување. Исто така Вардар Доломит броел просечен број на вработени од 130 во текот на изминатата година.
Вардар Доломит дава посебно значење на одржувањето на квалитетот на своите производи на највисоко ниво. Потврда за тоа е сертификацијата на интернационалниот стандард за квалитет ISO 9001 што континуирано се одржува од 2006 година.
Компанијата полага значајно внимание на безбедноста на работната околина како и на здравјето на вработените. Се преземаат сите неопходни мерки за навремено превенирање на потенцијалните ризици и на сите вработени задолжително се вршат редовни здраствени прегледи.
Вардар Доломит исто така вложува во обуки на своите вработени и се отворени за соработка со училишта, факултети и институции на полето на наука, инженерство и технологија.
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт