Петок, 11 Јули 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

10 НАЈБРЗО РАСТЕЧКИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2022 година

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ© меѓу повеќето анализи, ја содржи и анализата која ги рангира најбрзо растечките компании во Македонија, според растот на добивката.

Најбрзо растечките компании се рангирани според процентуалниот раст на добивката во период од 1 година, како и во период од 5 години. 

Во оваа статија Ви ги претставуваме 10те најбрзо растечки компании во Македонија за 2022 во споредба со 2021 година. 

На првата позиција оваа година се најде компанијата ССК БАЛКАНС ДООЕЛ, Скопје која претставува друштво за градежништво, трговија и услуги. Забележа невообичаено извонреден раст од 108.641.831,48% во нивната добивка пред оданочување. Тоа пред се се должи на нивната добивка и работење во 2021, која што била незначитела, додека во 2022 година успеа да остварат добивка од 117.333.286 денари.

Второто место го зазема ЦМК ЕВРОПА ДООЕЛ, Скопје. ЦМК стануваат сопственици на Рудникот Саса, којшто се наоѓа на листите на 200 најголеми и најуспешни уште од 2006та година. Растот на добивката на ЦМК изнесува 12.192,39%.

Третата позиција им припадна на ЕТМТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ, Скопје. Фирма којашто се занимава со трговија и услуги, претежно со откуп на електрична енергија. За 2022 година забележале раст од 5.504,25%

Останатите 7 компании кој се наоѓаат помеѓу 10те најбрзо растечки компании можете да ги погледнете подолу.


Македонски Телеком: Столб на профитабилност и иновации во телекомуникацискиот сектор

Македонски Телеком е лидер во телекомуникацискиот сектор во Северна Македонија, со континуиран раст на приходи и извонредна профитабилност. Препознат како еден од најуспешните и најиновативните оператори на пазарот во 2023 година.

Порше Македонија: Симбол на конзистентен раст и врвна ефикасност во авто-индустријата

Порше Македонија е пример за континуиран раст и врвна ефикасност во авто-индустријата, со силни финансиски резултати и стабилно присуство на пазарот во 2023 година.

Позицијата на ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА на македонскиот пазар

ЛУКОИЛ постојано инвестира во иновации и одржливи решенија, поставувајќи нови стандарди во енергетската индустрија на домашниот пазар.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт