Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

5 најголеми и најуспешни компании – Компјутерско програмирање

Каков успех забележаа 5те најголеми и најуспешни компании од дејноста на компјутерското програмирање во 2021 година?

Дејноста на информации и комуникации, попрецизно подкатегоријата “компјутерско програмирање” како што ни е добро познато расте и се развива од година во година. Тоа пред се се должи на глобалната дигитализација и автоматизација, без која практично и не се може денес. Во 2021 година на листите на 200 најголеми и најуспешни компании во делот на подкатегоријата “компјутерско програмирање” се најдоа 5 фирми, додека за 2020 на истата листа беа забележани 3 компании. Вкупната остварена добивка пред оданочување на најуспешните ИТ компании (компјутерско програмирање) во 2021 изнесувала 642.697.569 денари, додека пак во 2020та тоа било 406.519.745денари. Растот на добивката на фирмите во делот на овој сектор процентуално изнесува 58.09%.

Во продолжение Ви претставуваме детално колкав беше вкупниот приход и добика на 5те најголеми и најуспешни компании од ИТ индустријата – компјутерско програмирање.  

5 НАЈУСПЕШНИ ВО 2021 ГОДИНА

#5 

ЕНДАВА ДООЕЛ, Скопје

Вкупен приход: 767.820.398 I Вкупна добивка: 86.654.631 I Ранг Најголеми: / I Ранг Најуспешни: 191


 5тата позиција на листата на најуспешни програмерски компании за 2021 и припадна на ЕНДАВА ДООЕЛ, Скопје. На листата на 200 најуспешни се наоѓаат втор пат и тоа во 2020 и 2021 година. Во 2021 забележуваат раст на вкупната добивка пред оданочување од 35,68% и раст на вкупниот приход од 20,46%, во споредба со 2020 година.  

Ендава е основана во 2000-та година во Лондон. Заклучно со март 2022-ра година, Ендава има 11.001 вработен ширум светот, a 366 се наоѓаат во претставништвото во Скопје.

#4 

АКСАПТА МАСТЕРС ДОО, Скопје

Вкупен приход: 338.577.753 I Вкупна добивка: 92.564.968 I Ранг Најголеми: / I Ранг Најуспешни: 180


Нивниот пат започна во 2013 година со едноставна цел – да им обезбедат на нивните клиенти релевантни и специфични решенија кои ќе ги подобрат нивните деловни процеси и ќе поттикнат раст.

Axapta Masters сее горди што се препознаени како најбрзо растечки и водечки партнер на Microsoft Solutions во Македонија, со глобално влијание и разновидно портфолио на успешни проекти. 

Го заземаа 4то место на листата на најуспешни компании за 2021 година и имаат највисока остварена вкупна добивка пред оданочување од кога се на пазарот во Македонија.  

#3 

ИНТЕРВОРКС ДООЕЛ, Битола

Вкупен приход: 433.177.077 I Вкупна добивка: 133.853.291 I Ранг Најголеми: / I Ранг Најуспешни: 106


Интерворкс ДООЕЛ од Битола, на листата на 200 најуспешни (рангирани компании според вкупна добивка пред оданочување) прв пат се најде во 2010та година. Од тогаш до денес забележува само две години изостанува од листата на 200 најуспешни и тоа во 2011 и во 2014 година. Интерворкс од декемри 2020 година се ребрендира и го промени името во ⋮IWConnect. Новото име на брендот, како и логото го означува брзиот раст на компанијата, и подобро ги опишува компетентноста, знаењето, начинот на работа, и искуството кои Интерворкс ги има.

#2 

ФУРИОУС АВОКАДО ДОО, Скопје

Вкупен приход: 164.584.286 I Вкупна добивка: 134.415.018 I Ранг Најголеми: / I Ранг Најуспешни: 105


Уште една компанија која што за прв пат се наоѓа на листата на 200 е ФУРИОУС АВОКАДО од Скопје. Како првпат на листата забележува доста успешна позиција и е 2ра компанија од ИТ индустријата која остварила најголема добивка пред оданочување за 2021 година. 

ФУРИОУС АВОКАДО е студио за инди игри, основано на почетокот на 2020 година од група пријатели и професионалци кои ја споделуваат страста за создавање неверојатни игри.

Сместено во Скопје, Македонија, покрај тоа што ги привлекува најталентираните game developeri во земјата, студиото стана атрактивна дестинација за членовите на тимот од Германија, Холандија и Србија.

#1 

СЕАВУС ДООЕЛ, Скопје

Вкупен приход: 1.187.370.263 I Вкупна добивка: 195.209.661 I Ранг Најголеми: 188 I Ранг Најуспешни: 63


На број 1 на листата, како најусшена компанија од подкатегоријата на компјутерско програмирање како и минатата година повторно се најде компанијата СЕАВУС ДООЕЛ, Скопје. 

Сивус е меѓународна компанија за развој на софтвер и советодавни услуги. Седиштето на групацијата е во Малме, Шведска. Групацијата обезбедува производи за различни оддели во големи компании и владини агенции. Сивус опфаќа над 50 милиони мобилни претплатници преку своите клиенти.

Сивус постојано работи кон зголемување на својот број на вработени и нуди кариерни патишта на многу луѓе од ИТ секторот.  Во 2021 година успеа да го зголеми бројот на од 463 и моментално брои 500 вработени. 

Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт