Петок, 22 Септември 2023
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

5 најголеми и најуспешни транспортни компании во Македонија за 2021

Кои беа 5та најголеми и најуспешни транспортни компании во Македонија за 2021 година?

2021 се покажа како успешна година за компаниите кои се дел од транспортната индустрија. Имено, вкупната добивка пред оданочување на најголемите и најуспешни 5 компании од транспортната индустрија за 2020 година изнесувала 567.736.512 денари. За 2021 пак, 5те најголеми и најуспешни транспортни компании за 2021 успеаа да остварат вкупна добивка пред оданочување од 700.455.346 денари, што претставува значителен раст во добивката од дури 23.37%. Тоа секако се должи и на пандемијата со корона вирусот која го погоди светот во 2020та година. 

5 НАЈУСПЕШНИ ВО 2021 ГОДИНА

#5 

ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ, Скопје

Вкупен приход: 758.365.294 I Вкупна добивка: 86.199.864 I Ранг Најголеми: / I Ранг Најуспешни: 192 

На 5то место на најуспешни транспортни компании се наоѓа компанијата ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ, Скопје. Ова за нив претставува прво појавување на листата на 200 најуспешни компании пресметано според вкупната добивка пред оданочување. 

#4 

ЕМША-ШПЕД ДООЕЛ, Неготино

Вкупен приход: 1.243.717.812 I Вкупна добивка: 126.875.214 I Ранг Најголеми: 182 I Ранг Најуспешни: 114 

 

ЕМША-ШПЕД ДООЕЛ, го зазема 4то место на листата на најуспешни транспортни компании во Македонија, а воедно и се учесници во изминатите изданија на едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Фирмата Емша Шпед ДООЕЛ е товарна и логистичка компанија основана во 1999 година од нивниот сегашен сопственик Г-нот Емшов Марјан. Денес, Емша Шпед ДООЕЛ е голема шпедиција која поседува над 200 камиони и нуди логистички и транспортни услуги на партнери во Македонија, соседните земји, и цела Европа.

#3 

ОИЛКО КДА, Скопје

Вкупен приход: 591.311.949 I Вкупна добивка: 127.733.011 I Ранг Најголеми: / I Ранг Најуспешни: 113
  

3та позиција им припадна на ОИЛКО КДА, Скопје. На листите на 200 најголеми и најуспешни се наоѓаат последователно во последните 7 години.  2021 се покажа како мошне успешна за нив со тоа што успеваат да забележат втор најголем остварен приход (2019 била година со поголем приход од околу 2 милиони денари), а исто така и најголема добивка пред оданочување во споредба со последните 5 години. ОИЛКО КДА е командитно друштво со акции за транспорт, основано на 18.01.2007 год. Основач и најголем акционер во Друштвото е Макпетрол А.Д., со триесетипет процентно учество во вредноста на капиталот.

#2 

ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ, Скопје

Вкупен приход: 1.357.292.927 I Вкупна добивка: 155.074.083 I Ранг Најголеми: 171 I Ранг Најуспешни: 95 

 

ДЕНИ ИНТЕРАЦИОНАЛ ДООЕЛ, на 2то место на листата на најуспешни транспортни компании. За 2021 во споредба со останатите транспортни компании имаат остварено најголем вкупен приход, а воедно и имаат најголем број на вработени, 255. Со текот на времето фирмата прераснува во целосно екипирана и професионална компанија за меѓународен транспорт. Возниот парк во сопственост на компанијата и бројот на вработени во континуитет се зголемува.

#1 

ЈАВОР-ТРАНС ДОО, Скопје

Вкупен приход: 528.145.840 I Вкупна добивка: 204.573.174 I Ранг Најголеми: / I Ранг Најуспешни: 59  


И на првата позиција како број еден компанија од транспортната индустрија, се наоѓа ЈАВОР – ТРАНС ДОО од Струмица. На листата на 200 најуспешни компании се наоѓаат уште од 2013 години до ден денес, со пауза од една година, во 2014 каде не можеме да ги забележиме на истата. Во 2021 година имаат остварено најголем вкупен приход во споредба со изминативе 5 години и забележуваат раст во споредба со 2020та година од 24.29%.


Најголемата индустрија во Македонија низ бројки

Индустријата за производство на делови и опрема за моторни возила е најголемата и најуспешната индустрија во последните години во Македонија. Замавот го зема со напливот на странски директни инвестиции на кои бизнис климата во нашата држава им се виде поволна.

ГЕМАК Трејд - лидер на пазарот за увоз и дистрибуција

Гемак е компанија која цели 3 децении е лидер на пазарот за увоз и дистрибуција и стратешки партнер на едни од најпродаваните светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, тутун, кафе, храна и непрехрабрени производи.

ПИВАРА СКОПЈЕ - Приказна која се прераскажува веќе 100 години

Пивара Скопје преставува лидер на пазарот за производство на безалкохолни пијалаци и пиво кој бележи постојан раст и одржлив развој.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт