DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локалната услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот.
Во Македонија компанијата е формирана во 1947 година под името Комуна, а од 2015 година е дел од големото семејство на DS SMITH и во моментов брои 150 вработени ентузијасти и таленти.
Оваа компанија не помагаме само во утврдувањето на решенијата за пакување со цел да се постигне повисока продажба, туку истовремено овозможува пониски трошоци и управување со ризици што води кон подобрување на успешноста на клиентите.
DS Smith во 2020 година се најдоа на 138 место во 200 Најуспешни, а се рангираа на 124 место по број на вработени.
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт