Подолу изготвивме анализа за движењето на вкупниот приход и добивката пред оданочување во последните 10 години кај компаниите од оваа дејност.
Имено, од графикот може да забележиме дека и покрај повремените падови во некои од годините, сепак и приходот и добивката имаат растечки тренд.
Анализата ги следи компаниите од 2012 година кога вкупниот приход изнесувал 8.5 милијарди денари, а добивката пред оданочување 458 милиони денари. Од тогаш па се до 2020 година кога светот е зафатен од ковид кризата, оваа дејност е во постојан подем. Во 2020 година има голем пад во двата критериуми, односно вкупните приходи паѓаат од 28.9 милијарди денари на дури 20.6 милијарди денари, додека добивката од 2.5 милијарди денари во 2019 паѓа на 1.7 милијарди денари во 2020 година.
Сепак и покрај тоа што во ковид периодот најголем дел од компаниите кои се занимаваат со коцкање и обложување имаа ограничувања во работењето, од 2021 година повторно ги подобруваат своите резултати и речиси се враќаат на успехот од пред кризата. Така, во 2021 година вкупните приходи повторно се искачија на 27.1 милијарди денари, а добивката пред оданочување на 2.3 милијарди денари.
Компаниите кои делуваат во рамки на оваа дејност и кои речиси секоја година се рангирани на листите на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ се: Принцесс Хотел и Казино и Макотен од Гевгелија, Фламинго, Ма Гаминг, Делта Бет, Сенатор, Мастербет, Златна Копачка, Апекс МК, Спорт-Лаиф, Бет Ту Мар, Про-Бетинг, Бетсити, Државна Лотарија, Државна Видеолотарија и Касинос Аустриа Интернатионал од Скопје и Клуб Спорт 77 од Битола.
Бројот на вработени кој овие компании го вработуваат надминува 3000 луѓе, заклучно со крајот на 2022 година.
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт