Петок, 22 Септември 2023
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Ексклузивно: Кои се новите 10 најголеми и најуспешни компании во Македонија за 2022 година

Прочитајте подолу и дознајте први кои беа 10те најголеми и најуспешни компании во Македонија за 2022 година.

Во исчекување на новото издание 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, ви ги претставуваме првите 10 најголеми и 10 најуспешни компании во Македонија. Овој ексклузивен извештај дава единствена можност да се анализираат и разберат клучните трендови кои го обликуваат корпоративниот дел на земјата. Со испитување на бројките за приходите, добивката и индустриските сектори на овие водечки компании, можеме да стекнеме вредни сознанија за нивните стратегии и доминација на пазарот.


------------------------------------------------------------------------------------------------------


Анализата открива разновидна мешавина на индустрии застапени меѓу првите 10 компании. Ако се испитаат бројките за приходите и добивката, евидентно е дека овие врвни компании доживеале извонреден раст во последните години. 

Поточно, најголемите 10 компании забележуваат пораст во вкупниот приход од 45,03% во споредба со годината пред неа и дури 58,8% во споредба со 2018 година. Соодветно на тоа и добивката на 10те најуспешни компании забележува пораст на годишно ниво и тоа од 9.22%, но во однос на 5 годишна споредба не можеме да забележиме раст.

На врвот на листата како и минатата година, се наоѓа ЏОНСОН МЕТИ ДООЕЛ, Скопје, која постигна импресивен раст на приходите од 19,10% на годишно ниво. Компанијата претставува странска директна инвестиција која што е присутна во Македонија од 2009та година. Заедно со нив на листата на топ 10 најголеми компании можеме да забележиме уште една странска директна инвестиција. Станува збор за компанијата КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ Македонија Бт ДООЕЛ од Битола, која е за неколку години помалку присутна во Македонија, но успеа да стане една од главните компании која помогна во Македонија во намалување на невработеноста со лидерски позиции на листите рангирани по бројот на вработени.

Компанијата ОКТА АД - Скопје и компанијата МАКПЕТРОЛ АД Скопје го водат пакетот во секторот на трговија на големо и мало со моторни горива и слични производи и се наоѓаат на 2та и 3та позиција на најголемите компании во 2022 година.

Можеме да забележиме дека неколку компании спаѓаат во група на компании коишто се од дејноста на производство и трговија со електрична енергија. Тоа се АД ЕСМ, ЕВН ХОМЕ, ГЕНИ-И Продажба на енергија, ТЕ-ТО АД и ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА Дооел

Поблискиот поглед на врвните компании го открива нивниот стратешки фокус на инвестиции и проширувања. Единствена компанија од индустријата на трговија на мало во неспецијализирани продавници која што се најде во топ 10те фирми е КАМ ДОО, Илинден. Кам успеа, како и минатата година да зазема висока позиција, со која е рамо до рамо со компании од многу различни индустрии, со што уште еднаш можеме да ја забележиме разновидноста на компаниите кои се најдоа во најголемите 10 (рангирани според вкупниот остварен приход).

Додека првите 10 компании постигнаа извонреден успех, тие не се без предизвици. Зголемената конкуренција, еволуирачките барања на потрошувачите и регулаторните промени претставуваат потенцијални ризици. Сепак, овие предизвици претставуваат и можности за иновации, стратешки партнерства и диверзификација на пазарот.

Во листата на најуспешните компании можеме пак да забележиме уште поголема разновидност во однос на тоа од кои дејности ни доаѓаат. 

Компанијата ЈП ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА се најде под водечката ЏОНСОН МЕТИ, и претставува најуспешна државна компанија во Македонија за 2022 година. Рудникот САСА којшто од 2017 година е во сопственост на интернационалната компанија Централ Азија Металс го афирмираше својот успех и во 2022 година. Така, 2те компании САСА ДООЕЛ како и ЦМК Европа (Централ Азија Металс) ги забележуваме како едни од најуспешните за изминатата година. 

Дополнително, преку својата проактивна деловна стратегија и ефективни оперативни иницијативи, ИГМ-ТРЕЈД успешно ја консолидираше својата позиција, го зајакна присуството на пазарот во Македонија и постигна забележителен раст на финансиските перформанси.

Уште 3 индустрии кои се опфатени во 10те најуспешни компании се дејноста на телекомуникациите, преносот на електрична енергија и производството на фармацевски препарати. Станува збор за Македонски Телеком АД Скопје, МЕПСО АД како и Алкалоид АД, Скопје.

Со анализирање на овие клучни играчи, можеме да ги идентификуваме факторите кои го водат успехот и да ги предвидиме идните трендови. Овие информации ги обезбедуваат потребните податоци за инвеститорите, претприемачите и засегнатите страни да донесат точни одлуки и да профитираат од новите можности во Македонската динамична бизнис клима.

Најголемата индустрија во Македонија низ бројки

Индустријата за производство на делови и опрема за моторни возила е најголемата и најуспешната индустрија во последните години во Македонија. Замавот го зема со напливот на странски директни инвестиции на кои бизнис климата во нашата држава им се виде поволна.

ГЕМАК Трејд - лидер на пазарот за увоз и дистрибуција

Гемак е компанија која цели 3 децении е лидер на пазарот за увоз и дистрибуција и стратешки партнер на едни од најпродаваните светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, тутун, кафе, храна и непрехрабрени производи.

ПИВАРА СКОПЈЕ - Приказна која се прераскажува веќе 100 години

Пивара Скопје преставува лидер на пазарот за производство на безалкохолни пијалаци и пиво кој бележи постојан раст и одржлив развој.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт