Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Илинден АД Струга – Вашиот сигурен градежен партнер

Формирана во 1972 година, Илинден АД Струга веќе 50 години успешно делува на нашиот пазар како трговско друштво за градежништво, производство, трговија и угостителство.

Главна област на работење на компанијата е градежништвото, а како најголем индикатор за реномето на Илинден АД како исклучително квалитетна компанија се големиот број на успешно завршени проекти. 

Денес, компанијата располага со свој каменолом и сепарација, две асфалтни бази, две бетонски бази, голем број на возила и градежни машини, производствен погон за градежни елементи како и друга опрема и средства.



 

Илинден АД Струга со своето посветено работење се вбројува како една од најдобрите компании во Македонија и е дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ уште од самите почетоци на проектот, односно од 2003 година кога се рангира на 105 место според добивката пред оданочување. Низ годините забележуваме постојан раст на компанијата, а во последните неколку години таа успеа да се искачи дури и помеѓу првите 50 најуспешни компании според добивка пред оданочување. 

Од 2003 година па наваму, односно заклучно со 2021 година компанијата го има зголемено тројно бројот на вработени лица. Во декември 2021 година просечниот број на вработени во Илинден АД бил 152 лица. 



 


Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт