Едицијата содржи листи на 200 најголеми и 200 најуспешни компании рангирани според вкупниот приход и добивката пред оданочување, реномирани компании од Македонија претставени преку промотивни материјали, листи и споредба со странски компании и уште повеќе дополнителни информации и податоци.
Веќе 20 години по ред, Еуро Бизнис Центар ја продолжува својата традиција на публицирање сеопфатни информации за економската состојба во нашата земја преку публикацијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ која се издава со поддршка од Министерството за економија и во соработка со Централниот Регистар кој се покажа како несебичен партнер во обезбедување на релевантни податоци за резултатите од работењето на компаниите.
“Со посебно задоволство би сакал да упатам најискрени честитки на „Еуро Бизнис Центар“ - Скопје за излегувањето од печат на 20-тото по ред издание на едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА.
Честитки и до сите компании кои во изминатата 2022 година успеаја да се вбројат во елитното друштво на 200 најголеми и најуспешни, според вкупниот приход и добивка, според градовите во кои се лоцирани и, споредбено, со најголемите и најуспешните во регионот, најголемите работодавци и фирмите со најголем раст, како и на банките и осигурителните компании.” - Крешник Бектеши, Министер за економија
“Како Директорка на Централен регистар на Република Северна Македонија - институција значаен фактор во одржувањето стабилност, но и обезбедување развој на бизнис секторот, им честитам на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Северна Македонија за постигнатите успеси за претходната 2022 година.
Честитки за иницијативата на „Еуро бизнис Центар Скопје“ за овогодинешното издание на едицијата „200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ“, која претставува одлична слика за состојбата на пазарната економија во земјата.” - Марија Бошковска – Јанковски, Директор на ЦРРСМ
Најновото издание може да го нарачате тука.
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт