Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЈП Комунална Хигиена 20 години во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Комунална Хигиена, уште едно претпријатие во државна сопственост кое успешно работи и се рангира меѓу 200те најголеми и најуспешни компании.

Почетоците на компанијата датираат уште од почетокот на дваесетиот век односно од 1906 кога само неколку луѓе биле задолжени за метење на улиците. Со текот на времето соодветно со потребите, се менувале и зголемувале обврските, а подоцна е основана и компанија.

ЈП Комунална Хигиена е едно од најголемите претпријатија во комуналната дејност во Македонија и делува во урбаниот и руралниот дел на град Скопје. Секојдневните активности на компанијата вклучуваат превземање односно собирање на отпад и негов транспорт и одржување на хигиена на јавните и сообраќајните површини во градот.




Во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ Комунална Хигиена е присутна од самиот почеток на проектот во 2003 година а во 2021 година се рангира на 172ро место на листата на најголеми според вкупен приход од 1,314,385,592.00 денари. Заклучно со декември 2021 година, компанијата вработува 1398 лица, што е досега највисок број на вработени кој го забележуваме во изминатите 20 години. 

Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт