Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

КАМ маркет го отвора својот најголем маркет во Куманово и воедно бележи ново покачување на платите

Најголемиот малопродажен синџир во земјава, „КАМ“, отвори нов 3-ти маркет во Куманово, лоциран на улица „7“ бр. 32. Исто така во „КАМ маркет“ има и ново покачување на платите на вработените

Новиот маркет се простира на вкупна површина од над 550 квадратни метри. Продажниот простор зафаќа 420 квадратни метри, речиси 65 квадратни метри се магацински простор, а преостанатите се помошни и канцелариски простории. 

Во рамките на маркетот има и пекарница во која кумановчани ќе ги најдат највкусните лебови и печива, свежо печени секој ден. Исто така, за потрошувачите на „КАМ“ обезбеден е бесплатен паркинг простор во склоп на “АЛФИ центар“.

- Продажната мрежа на „КАМ“ продолжува да расте, ова е нашиот 78. маркет.  Со асортиман кој го сочинуваат околу  1700 артикли меѓу кои добро познатите производи под КАМ марка, како и познати интернационални брендови, остануваме посветени на целта да го доближиме високиот квалитет по редовно ниски цени до сите граѓани – велат од „КАМ“.



И во услови на инфлација и влошени економски услови „КАМ“ останува доследен на сопствената политика за грижа и развој на човечкиот капитал и континуирано зголемување на платите на вработените.

„КАМ“ ги зголеми платите на своите вработени и со февруарската плата реализираше ново покачување во најголемите сектори во компанијата, продажба и логистика, со што во последните 12 месеци зголемувањето достигна 20% во сектор продажба, додека во секторот логистика овој процент достигнува до 25%

Во изминатите 12 месеци просечната исплатена нето-плата во „КАМ“ за сите вработени е зголемена за 18,5%.

Значајно место во програмата за грижа и развој на човечките ресурси на „КАМ“ има и проектот за поддршка на дуалното средно образование. Во изминатиот период компанијата склучи договори за соработка со 8 средни училишта, од кои педесетина ученици веќе се активно вклучени во работните процеси во „КАМ“.



- Живееме во комплексни времиња, но остануваме доследни на редовно имплементирање на сопствените програми за грижа и развој на човечкиот капитал и грижа за нашите вработени. Зголемувањето на платите е само една од ставките предвидени во нашата програма. Листата на бенефиции за вработените, која вклучува исплата на регрес од 33.000 денари, слободен ден за роденден, ваучер за склучен брак, пакет производи за Бадник и Велигден, попусти за одмор во хотелот „Вилиџ“, постојано ја дополнуваме затоа што веруваме дека една од најважните алки во синџирот за успех на една компанија се токму вработените. Во 2023 КАМ маркет им овозможи и нови дополнителни бенефиции на лојалните вработени. Остануваме посветени на подигнување на стандардот и грижата за вработените – велат од „КАМ“.

Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт