Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Рангирани и во последното издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ© се осигурителните компании во Македонија за 2021 година.
Како што се рангирани банките, така во едицијата ви ги претставуваме и осигурителните компании од Македонија. Рангирањето се врши по два критериума, односно според бруто полисираната премија и според добивка/загуба пред оданочување.

Најголемите осигурителни компании во Македонија се рангирани според остварена бруто полисирана премија во годината на пресметка. На првото место на оваа листа се наоѓа ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, Скопје. Истите се рангирани како  број 1 на листата на најголеми осигурителни компании 11 години по ред, уште од 2011та година. Годинава имаат остварено бруто полисирана премија од 1.332.870.757 денари и добивка пред оданочување од 33.584.231 денари.
На втората позиција се наоѓа ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ АД, Скопје со остварена бруто полисирана премија од 1.124.297.921 денари и добивка пред оданочување од 101.831.409 денари.
Третото место за 2021 година го зазема УНИКА АД, Скопје со бруто полисирана премија од 1.023.455.992.

Кај најуспешните пак, имаме различен распоред во првите 3 рангирани осигурителни компании. Имено на првата позиција се најде ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ АД, Скопје кои воедни и обележаа нивно 20 годишно постоење изминатава година. Потоа второто место го зема КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД, Скопје и веднаш зад нив се најде и АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА, Скопје.

Во продолжение ви прикажуваме како беа рангирани и останатите осигурителни компании во Македонија за 2021 година.



Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт