Петок, 11 Јули 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Најголемите дистрибутери на храна и пијалаци во 2022 година

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ како најсеопфатна едиција која ги содржи податоците за најдобрите компании на пазарот, може да понуди широка палета на анализи од податоците со кои располага. Овој пат ги опфативме компаниите за дистрибуција на храна и пијалаци кои се најдоа на листите во 2022 година.

Во текстот подолу е прикажана и табелата со финансиските резултати на овие компании, каде што може да видиме каква беше ситуацијата со трговците на големо во 2022. 

Првата компанија во оваа дејност, која беше рангирана и како 55та на листата на најголеми е Еуро Табак со 5,1 милијарда денари остварен вкупен приход. По неа следи уште еден од домашните гиганти, рангиран како 75та најголема и 169та најуспешна компанија, а тоа е Даути Комерц. Нивниот вкупен приход изнесуваше 3,7 милијарди денари, а добивката пред оданочување 103,3 милиони денари.

На трето место се најде Гемак Траде со вкупно остварен приход од 2,5 милијарди денари, а на ранг листата беше позиционирана како 108ма компанија. Нешто подолу, на 117то место, е Нелт СТ ДООЕЛ со вкупен приход од 2,4 милијарди денари. Нелт СТ ДООЕЛ е исто така дел и од листата на најуспешни компании рангирана како 191ва со 97,4 милиони денари добивка пред оданочување. 

Следи Адријус ДОО со 2,3 милијарди денари вкупни приходи, рангирана веднаш по Нелт СТ, односно на 118то место, а според остварената добивка влезе дури во првите 100 компании како 77ма со вкупен износ на добивката од 207,1 милиони денари. 


По нив, на 129то место се рангираше Колид Фудс со 2,18 милијарди денари вкупен приход, а потоа е Рудине на 131во место со 2,09 милијарди денари остварен приход. 

На последните две места се најдоа Кола ДООЕЛ со 1,9 милијарди денари вкупен приход и Колид С Тим ДООЕЛ со 1,7 милијарди денари вкупен приход. Колид С Тим се рангираше и помеѓу најуспешните компании со својата добивка од 135,5 милиони денари и тоа како 128ма компанија.

Во поглед на добивката пред оданочување, најуспешна компанија во рамки на оваа дејност беше Адријус ДОО рангирана како 77ма најуспешна, додека последното место го зазема Нелт СТ ДООЕЛ рангирана на 191вото место на листата. 

Повеќе вакви анализи можете да пронајдете тука, додека ранг листите со сите податоци за компаниите се достапни на овој линк.


Македонски Телеком: Столб на профитабилност и иновации во телекомуникацискиот сектор

Македонски Телеком е лидер во телекомуникацискиот сектор во Северна Македонија, со континуиран раст на приходи и извонредна профитабилност. Препознат како еден од најуспешните и најиновативните оператори на пазарот во 2023 година.

Порше Македонија: Симбол на конзистентен раст и врвна ефикасност во авто-индустријата

Порше Македонија е пример за континуиран раст и врвна ефикасност во авто-индустријата, со силни финансиски резултати и стабилно присуство на пазарот во 2023 година.

Позицијата на ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА на македонскиот пазар

ЛУКОИЛ постојано инвестира во иновации и одржливи решенија, поставувајќи нови стандарди во енергетската индустрија на домашниот пазар.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт