ЛУКОИЛ Македонија не е само еден од најголемите снабдувачи со моторни горива, туку и компанија која активно се залага за општествена и еколошка одговорност. Сметајќи ја заштитата на животната средина како приоритет, компанијата применува најсовремени технологии кои ја намалуваат емисијата на штетни гасови и ја подобруваат енергетската ефикасност во своето работење.
Во насока на грижата за животната средина, од компанијата изјавуваат:
„За ЛУКОИЛ Македонија, грижата за животната средина е важен дел од нашата стратегија и секојдневна работа. Нашата определба за еколошка одговорност се огледа преку постојани инвестиции во зелени технологии, намалување на емисиите и одржливо управување со ресурсите.
Во Нафтената база во Штип е имплементиран Vapor Recovery систем, кој овозможува поврат на испарливите органски соединенија при преточување на гориво. Овој систем е инсталиран и на сите бензински станици каде што процесот на товарење и истоварување на цистерните се врши во затворен систем, без испарувања. Дополнително, пиштолите за точење гориво се опремени со ваков систем, со што се овозможува поврат на пареа и значително се намалува емисијата на штетни гасови во атмосферата.
Во дел од нашите објекти се поставени сончеви панели, со што дел од потрошувачката на електрична енергија се покрива преку обновливи извори, а сите бензински станици се опремени со сепаратори за отпадни води, со цел заштита на подземните и површинските води.
Се грижиме и за околината – редовно озеленуваме простори околу бензинските станици со садење на зимзелени дрвја и одржување на зелените површини, со што придонесуваме за поголема урбана еколошка рамнотежа.
ЛУКОИЛ Македонија спроведува и редовен мониторинг на еколошките параметри, вклучително и на воздухот, водата и почвата, а управувањето со отпад се врши преку овластени и лиценцирани компании, со посебен акцент на безбедно справување со индустриски и опасен отпад.
Во иднина, ЛУКОИЛ Македонија планира да го намали загадувањето, да користи повеќе обновлива енергија, да постави нови сончеви панели, да поддржува еколошки и едукативни проекти, да развива решенија за заштеда на енергија и вода и да го проширува зеленилото околу своите објекти.“
Исто така, компанијата инвестира во автоматизација и дигитализација на своите услуги, со цел да го подобри корисничкото искуство и да одговори на современите потреби на пазарот. Преку овие новини, компанијата не само што ги зголемува перформансите, туку и го олеснува секојдневното работење на своите клиенти.
„Компанијата ЛУКОИЛ Македонија постојано се грижи и настојува да ги доближи услугите до своите клиенти на начин кој е прифатлив и ефикасен за користење.
За таа цел е направена мобилната апликација ,, ЛУКОИЛ КЛУБ - Македонија” која на клиентите им овозможува да:
- имаат увид во секоја нивна трансакција направена на бензинските станици,
- собираат поени кои подоцна можат да ги искористат за плаќање на горива и стоки од бензинските,
- извршат плаќање за наточеното гориво,
Во насока за побрзо и поефикасно користење на услугите на бензинските станици развиена е и платформата ,,PAY@PUMP” со која во неколку чекори од вашиот мобилен телефон се врши плаќање за наточеното гориво буквално од сопственото возило, без да се оди на каса за наплата и без користење на паричник.
- добиваат известувања за актуелни попусти и промоции и многу други корисни информации и поволности.
Исто така, поставени се и ОПТ терминали за самонаплата на кои, преку едноставно и прегледно мени се врши плаќање, било да е во готовина или со платежни картички, се со цел дигитализација и автоматизација на процесите.
ЛУКОИЛ Македонија посветува внимание и кон своите вработени, на нивниот развој и мотивација со спроведување на обуки, тим билдинг активности и програми за унапредување, со намера да ја истакне важноста на корпоративните стандарди и тимската работа.“ Потенцираат од ЛУКОИЛ Македонија.
Вработените се важен дел од оваа мисија. Преку континуирана едукација и професионален развој, ЛУКОИЛ создава мотивирана и експертна работна средина, што резултира со повисок квалитет на услугата и поголемо задоволство кај клиентите. Сето ова ја прави компанијата пример за одржлив развој и одговорно работење во нафтениот сектор на Македонија.
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт