Вторник, 22 Октомври 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Преработувачката индустрија повторно најуспешна дејност во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Компаниите од преработувачката индустрија и нејзините подгрупи, и во 2022 ја поставија оваа дејност како најуспешна, со најголема вкупно остварена добивка.

Сортирањето на компаниите според дејности во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ е согласно Националната класификација на дејности која е донесена од Државниот завод за статистика. 

Според добиените податоци од ЦРСМ за финансиските резултати на компаниите во 2022 година, компаниите кои се дел од преработувачката индустрија, заедно оствариле најголема добивка пред оданочување во однос на другите индустрии. 

Како што ни покажува табеларниот приказ, според дејностите на компаниите во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, во рамки на оваа дејност има компании од дури 17 подгрупи. Убедливо најуспешна е онаа за Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со вкупна добивка пред оданочување од 7 милијарди денари. Тука несомнено голема улога имаат странските директни инвестиции кои во изминатите години се појавија на нашиот пазар, а голем дел од нив се насочени кон производство на делови и опрема за автомобилската индустрија. 

Втора на листата е Производство на метали, со помалку од половина остварена добивка во однос на претходната, во износ од 3,5 милијарди денари. Во оваа група освен странски, има и домашни компании, како што е на пример ИГМ Трејд, која има остварено најголема добивка во рамките на групата. 

Потоа следи Производство на други неметални минерални производи со 1,96 милијарди денари остварен профит, Производство на основни фармацевтски производи и препарати со 1,5 милијарди денари, Производство на пијалаци со 1,3 милијарди денари, Производство на производи од гума и производи од пластични маси со 847 милиони денари итн. 

Последната група, односно дејност, е со остварена добивка од 92,9 милиони денари, а се работи за компании кои се занимаваат со Производство на облека. 

Очекувано, компаниите од најуспешната дејност имаат и најголеми вработувања, со дури 18000 вработени лица, додека најмалку вработени има дејноста Производство на облека, односно 36 лица. Вкупно во преработувачката индустрија се опфатени 30,903 вработени.

 

Целосната листа ја прикажуваме во табеларниот приказ, додека сите податоци за компаниите може да ги најдете тука


Заслужено на врвот! Кои компании се најдоа на листата на 200 Најдобри и Најуспешни Компании за 2023 година?

Во 21-вата едиција на "200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ" компании во Македонија за 2023 година, се истакнуваат најдобрите деловни субјекти кои покажаа издржливост и иновации во услови на економски предизвици. Оваа публикација служи како инспирација за другите компании и им помага да ги разберат трендовите и можностите во локалниот економски пејзаж.

Телекабел: Анализа на растот и предизвиците за профитабилност

Телекабел ДООЕЛ, водечки домашен телекомуникациски оператор, покажува отпорност и прилагодливост на конкурентниот пазар. Оваа анализа го истражува нивното финансиско работење од 2018 до 2022 година.

Шпаркасе Банка: Овозможување финансиски раст преку сеопфатни услуги

Како лидер во банкарскиот сектор во Македонија, Шпаркасе Банка е посветена на понудата на иновативни финансиски решенија кои ги задоволуваат различните потреби на индивидуалците и бизнисите.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт