Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Телекабел - македонски супербренд со 100% домашен капитал во телекомуникацискиот сектор

Телекабел е фирма со многу километарска поставена мрежа, со многу стручен кадар, многу вработени и во секој град каде што работи има свој сопствен деловен простор уреден по најновите светски трендови со што им обезбедува пријатно чувство на вработените и корисниците кои доаѓаат таму.

Услугите на ТЕЛЕКАБЕЛ во моментот се нудат во 14 градови во Македонија. Целосната покриеност со сопствена мрежа ги опфаќа Штип, Битола, Велес, Струмица, Кавадарци, Кочани, Св.Николе, Скопје, Радовиш, Неготино, Прилеп, Охрид, Гевгелија и Пробиштип.

Благодарение на конкурентните цени, квалитетот на услугите, изборот на канали и пакети прилагодени на потребите на купувачите, како и коректниот однос кон корисниците, Телекабел е компанија која секојдневно се здобива со нови корисници и секоја година бележи пораст во бројот на корисници и пораст на приходите.

Со 24 часовна грижа за своите корисници, постојано вложување средства за квалитетни канали и одржување ниска цена за своите услуги, Телекабел денес има задоволни корисници кои ја претставуваат моќта и иднината на компанијата.

Од компанија со десетина вработени во 1997 година, Телекабел постигна голем успех заземајќи значајно место на телекомуникацискиот пазар во Р. Македонија. Следејќи ги трендовите и развојот во телекомуникациската сфера, за прв пат во Р. Македонија во 2001 година е поставена оптичка мрежа токму од страна на компанијата Телекабел. Сепак за најголемо достигнување се смета стартот на кабелскиот интернет кој исто така за прв пат во Македонија стартува во мрежата на Телекабел. Благодарение на ниските цени кои оваа компанија ги понуди во почетокот, паднаа високите цени кај монополот, па така денес во Р. Македонија секое семејство може да си дозволи користење на интернет. Истото се случи и со фиксната телефонија. За само неколку години во мрежата на Телекабел се вклучени илјадници корисници кои меѓусебе имаат можност да разговараат бесплатно и неограничено.

Денес Телекабел е фирма со многу километарска поставена мрежа, со многу стручен кадар, многу вработени и во секој град каде што работи има свој сопствен деловен простор уреден по најновите светски трендови со што им обезбедува пријатно чувство на вработените и корисниците кои доаѓаат таму.

Од 2018 година интензивно се поставува оптичка мрежа во градовите каде работи Телекабел при што корисниците се приклучуваат со оптички кабел до дома. Стабилноста, брзината и цената на пакетите за Оптички интернет допринесоа да за многу кратко време Телекабел биде лидер во бројот на корисници со оптички интернет.

Телекабел е единствената компанија која сите услуги ги нуди без обврзувачки договор. Размислувањето на менаџментот е дека корисникот треба да е задоволен од понудената услуга, а не обврзан со договори, рокови и пенали доколку сака да го промени операторот.

Со квалитетно и професионално работење и мотото – корисникот секогаш на прво место, Телекабел е она што е денеска – една од најуспешните македонски компании  и македонски препознатлив бренд.

12 години по ред Телекабел е во 200-те најуспешни компании во Македонија.

3 пати е добитник на признанието Супер Бренд на Македонија, 5 пати е прогласена за компанија која е омилена кај студентите – Сту Бренд на Мекедонија, 3 години услугите интернет и кабелска телевизија се добитници на признанието Best Buy Awards (производ за кој добивате најмногу за своите пари), добитник е на стотици признанија и благодарници од здруженија, институции и Општини со кои Телекабел остварува успешна соработка низ годините.

За да се изгради вистински бренд, лидер на пазарот, важно е компанијата да биде и општествено одговорна – активно да придонесува за доброто на заедницата.
Во последните неколку години, Телекабел својата годишница ја одбележа со хуманитарни активности.

Скоро 25 години Телекабел е единствената голема компанија со 100% домашен капитал во телекомуникацискиот сектор. Телекабел е доказ дека со истрајност, квалитет, многу работа и професионален однос кон корисниците и државата, и во Македонија може да се раскаже успешна приказна.



Реплек Фарм - здравје достапно за сите

РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ е модерна фабрика за производство на лекови и други фармацевтски производи.

Мермерен Кобинат, Прилеп - глобален лидер во екстракција и преработка на снежно-бел мермер

SIVEC® е регистрирана трговска марка на ситнозрнестиот бел доломитски мермер извлечен од каменоломите на компанијата, во близина на градот Прилеп.

Емша Шпед - компанија која ги надминува очекувањата во транспортните решенија

Емша Шпед се стреми да го заштити интегритетот на синџирот на снабдување во име на нивните клиенти.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт