Во едицијата и оваа година претставени се фирмите преку нивната територијална застапеност. Очекувано повторно, најголем број од компаниите кои се на листата на 200 најголеми ни доаѓаат од Скопје. Фирмите лоцирани во Скопје, учествуваат во вкупниот број на фирми со 65%, а во вкупниот приход со 77.89%.
По Скопје како град со најголем број на фирми се наоѓа Струмица со 8 компании, а одма под него и Кавадарци со 7 компании.
Следат Битола, Прилеп и Тетово со по 6 компании односно 3% учество во вкупнито број на 200те најголеми фирми.
Во продолжение погледнете како беа распространети останатите фирми од листата на 200 најголеми компании за 2022 година во Македонија.
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт