Четврток, 07 Декември 2023
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Вардар Доломит – 10 години по ред во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Вардар Доломит е Европски производител на синтер доломит, синтер доломитни опеки и маси. Лоцирана во град Гостивар во Р.С.Македонија и е во сопственост на групацијата ХАЗНЕДАР РЕФРАКТОРИС.

Компанијата заклучно со 2022 година се најде 10 години во низа на листите на 200 Најголеми и Најуспешни компании во Македонија. За 2022 година успеаа да остварат вкупен приход од 871.587.479 денари и вкупна добивка пред оданочување од 147.896.021 денари

Вардар Доломит се наоѓа во стратешка предност во однос на неколкуте други производители на доломит во светот. Со производен капацитет од над 60.000 тони годишно, Вардар Доломит е горд што ги снабдува своите потрошувачи со доломитни огноотпорни материјали од највисок квалитет, добиени по највисоки стандарди.

Процесот на производство во Вардар Доломит започнува со синтерување на Суров Доломит. Синтерувањето се врши во две Шахтни Печки на температура од 2000 0С. Формирањето на опеките се врши со помош на Хидраулични Преси од познати производители кои го обезбедуваат потребниот притисок за постигнување на  максимална густина на производот. Производите на Вардар Доломит се наменети за работни обоги на металуршки агрегати во црната и обоената металургија.

Од производи во компанијата се произведуваат синтер доломитни опеки и синтер доломитни маси. 

Вардар Доломит исто така поседува А интегрирана еколошка дозвола и има воспоставено високи критериуми во своето работење преку имплементирање на системот за управување со квалитет ISO 9001, енергетска ефикасност ISO 50001 и стандардот за управување со животна средина ISO 14001.

Финансиските перформанси на ДМ во Македонија

ДМ Дрогерие Маркт е уште една странска компанија со успешна приказна на македонското поднебје.

Фискалната сила на Шпаркасе банка

Шпаркасе банка е дел од една од најмоќните банкарски групации во Југоисточна Европа -Steiermärkische Sparkasse лоцирана во Грац, Австрија.

Компании со најголем успех во 2022 наспроти 2018 година

Уште една интересна анализа која може да се најде во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ е за најбрзорастечките компании во последните 5 години.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт