Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

10 анализи во едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Почитувани читатели, престижната едиција на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во Р. С. Македонија содржи повеќе листи и поделби на компаниите според различни критериуми. Во продолжение ви презентираме неколку.

1. Економијата во Р. С. Македонија

Генерално е презентирана моменталната економска ситуација во државата, со неколку економски показатели.
Презентирани се шест економски параметри, кои ја доловуваат моменталната економска слика во Р.С. Македонија како што се:

- Бруто Домашен Производ
- Инфлација
- Индустриско производствo
- Надворешна трговија
- Туризам и
- Работна сила и плати


2. 200 Најголеми компании

Рангирањето на 200те најголеми компании во Р. С. Македонија е направено според нивниот вкупен приход остварен за 2021 година. 

Покрај податокот за вкупен приход на овие компании, прикажан е и растот на приход во % за 1 година, како и добивката пред оданочување и просечниот број на вработени за 2021 година.



3. 200 Најуспешни компании

Рангирањето на 200те најуспешни компании во Р. С. Македонија е направено според нивната вкупна добивка пред оданочување остварена за 2021 година.

Покрај податокот за вкупна добивка пред оданочување, исто така, прикажан е и растот на добивката во % за 1 година, нивниот вкупен приход и просечниот број на вработени за 2021 година.


4. Најголеми и најуспешни Банки за годината

Оваа година регистрирани се 13 активни банки во земјата според НБРМ

Рангирањето на најголемите банки е направено според нивниот капитал и резерви, а на најуспешните банки според добивката пред оданочување.


5. Најголеми и најуспешни Осигурителни компании за годината

Оваа година регистрирани се 16 активни осигурителни компании во земјата според АСО, од кои 5 компании за животно и 11 компании за неживотно осигурување.

Рангирањето на најголемите осигурителни компании е направено според бруто полисираната премија, а на најуспешните осигурителни компании според добивката пред оданочување.


6.
Најбрзо растечки фирми

Подготвуваме споредба на добивката на компаниите во однос на изминатата година, како и во однос на 5 години наназад. Со тоа гледаме кои компании имаат најголем процентуален раст на добивката односно кои компании се оние кои се најпрофитабилни во периодот на анализата.


7. Најголеми работодавци

Презентирани се топ 50 најголеми работодавци од 200те најголеми и 200те најуспешни компании за 2021 година, според просечниот број на вработени за 2021 година, со кои може да се врши споредба со бројот на вработени од претходните години, и со тоа да се забележи како се движела работната сила во моментов, во време на кризни состојби.



8. Најголеми и најуспешни фирми по индустрии

Распоред на 200те најголеми и 200те најуспешни компании според нивните дејности. Овде може да погледнеме кои дејности биле повеќе, а кои помалку профитабилни за 2021 година. Групирани се по сектор и оддел според националната класификација на дејности.



9. Територијална застапеност

Претставена е територијална застапеност на 200те најголеми компании за 2021 година, во проценти, според учеството во вкупниот број на компании и според учеството во вкупниот приход и територијалната застапеност на 200те најуспешни компании за 2021, според учеството во вкупниот број на компании и учеството во добивката.



10. Споредба со земјите од регионот

Направена е споредба во бројките со земјите од регионот. Поточно претставени се табеларно, 50 најголеми и најуспешни компании од Р. Хрватска и 50 најголеми и најуспешни компании од Р. Словенија, со прикажан вкупен приход и добивка пред оданочување, како и нивната дејност.


Нарачка можете да направите на

  • info@eurobc.mk или на
  • 02/3103-380

Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт