Според анализата
извршена врз основа на досегашните податоци и едиции на 200 НАЈГОЛЕМИ И
НАЈУСПЕШНИ од 2003та до 2020та година, ви ја презентираме листата на првите најуспешни
фирми за секоја година според нето добивката и добивката пред оданочување.
Податоците говорат дека сè до 2013та година на лидерското место фигурираат
фирми од дејноста на жичани и безжични телекомуникации, а веќе со доаѓањето на
британскиот инвеститор и светски лидер во секторот на производство на прибор и
делови за моторни возила – Џонсон Мети од 2014та доминира на самиот врв на
листата на фирми со најголема добивка. Настанува исклучок во 2018та година и во
2020та со актуелниот лидер - Јавно Претпријатие за Државни Патишта на СРМ кој
според податоците од Централниот Регистар на Република Северна Македонија,
изминатата година има остварено добивка од 4.791.554.206
денари.
2003та - Македонски Телекомуникации АД, Скопје
Дејности на жичани
телекомуникации
Нето добивка: 2.834.007.689 денари
2004та - Мобимак АД, Скопје
Дејности на жичани телекомуникации
Нето добивка:
2.087.663.450 денари
2005та - Македонски Телекомуникации АД, Скопје
Дејности на безжични телекомуникации
2006та - Т-МОБИЛЕ
АД, Скопје
Дејности на безжични
телекомуникации
Добивка пред оданочување: 3.550.415.157 денари
2007ма - Македонски
Телеком АД, Скопје
Дејности на безжични телекомуникации
Добивка пред
оданочување: 9.425.140.948 денари
2008ма - Македонски Телеком АД, Скопје
Дејности на жичани
телекомуникации
Добивка пред
оданочување: 6.554.555.678 денари
2009та - Македонски
Телеком Ад, Скопје
Дејности на жичани телекомуникации
Добивка пред
оданочување: 6.501.352.158 денари
2010та - Македонски Телеком АД, Скопје
Дејности на жичани
телекомуникации
Добивка пред
оданочување: 5.969.883.719 денари
2011та - Македонски
Телеком АД, Скопје
Дејности на жичани
телекомуникации
Добивка пред
оданочување: 6.166.129.510 денари
2012-та Македонски Телеком АД, Скопје
Дејности на жичани
телекомуникации
Добивка пред
оданочување: 5.647.633.662 денари
2013-та КАМЕНИМОСТ
КОМУНИКАЦИИ АД, Скопје
Дејности на
холдинг-друштвата
Добивка пред оданочување: 3.323.464.826 денари
2014та ЏОНСОН МЕТИ
ДООЕЛ, Скопје
Производство на други
делови и дополнителен прибор за моторни возила
Добивка пред
оданочување: 3.449.131.005 денари
2015та - ЏОНСОН
МЕТИ ДООЕЛ, Скопје
Производство на други
делови и дополнителен прибор за моторни возила
Добивка пред
оданочување: 5.622.891.985 денари
2016та - ЏОНСОН
МЕТИ ДООЕЛ, Скопје
Производство на други
делови и дополнителен прибор за моторни возила
Добивка пред
оданочување: 7.459.861.125 денари
2017та - ЏОНСОН
МЕТИ ДООЕЛ, Скопје
Производство на други
делови и дополнителен прибор за моторни возила
Добивка пред
оданочување: 5.957.285.188 денари
2018та - ТЕ-ТО АД,
Скопје
Производство на
електрична енергија
Добивка пред
оданочување: 8.842.775.425 денари
2019та - ЏОНСОН
МЕТИ ДООЕЛ, Скопје
Производство на други
делови и дополнителен прибор за моторни возила
Добивка пред
оданочување: 5.622.645.893 денари
2020та - ЈАВНО
ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА НА СРМ
Изградба на патишта и
автопати
Добивка пред оданочување: 4.791.554.206 денари
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт