Уште во првата година од своето
работење, компанијата успеа да се рангира во 200 најголеми компании во
Македонија и тоа дури на 160 место, а подоцна и во 200 најуспешни.
Пружајќи квалитетна услуга на своите потрошувачи и постојано усовршување на квалитетот на своето работење, Рамстор денес ги нуди своите услуги во 8 различни градови низ Македонија со вкупно 28 маркети и преку сопствена интернет продавница активна веќе неколку години. Најновата услуга која уште повеќе го олеснува секојдневниот живот на клиентите на Рамсторе е мобилната апликација RamstoreDoDoma, достапна за сите потрошувачи.
За оваа компанија
2021 година се покажа како мошне позитивна во однос на 2020 кога целата
економија беше погодена од ковид кризата. Сепак, Рамстор за брзо го врати
својот успех, па така во 2021 година имаше зголемување на добивката пред оданочување
за дури 197,54%. Просечниот број на луѓе кои ги вработува Рамстор се искачи
близу 730, а неговото покачување дополнително зборува за напредокот на
компанијата и грижата за вработените.
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт