Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

CERMAT – Македонски бренд што годишно произведува над 7 милиони литри сладолед

Премиум-квалитет и оригинална рецептура од 1995 година.

Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. Континуирано воведува нови производи во асортиманот како што се: замрзнато овошје и зеленчук, лиснато тесто, замрзната риба, млечни и кондиторски производи.

Македонска семејна приказна што започна во Битола како семеен бизнис, денес лидер меѓу производителите на сладолед и замрзнати производи во регионот. Уникатни, секогаш достапни, иновативни, креативно-тимски тоа е Цермат препознатливата формула за успех.

Во компанијата владее европскиот дух, современ начин на функционирање и уникатен животен стил. Цермат, чија силна страна е иновативноста во маестралната изработка на продуктите и посветеноста во извозот на светскиот пазар, своите успеси ги постигнува благодарејќи на тимот што е искрено посветен на постојаниот развој, љубопитноста и храброста при истражувањето и комбинирањето на вкусовите, но и задоволувањето на желбите на потрошувачите.

Флексибилноста во изработката на нови и уникатни форми и вкусови, како и постојаниот високотехнолошки развој се само дел од клучните зборови што ја опишуваат компанијата, која веќе 27 години е во континуиран раст и развој.

Својата вкусна приказна Cermat ја раскажува преку богато портфолио на производи што се навистина неизбежен дел од сечие секојдневие и сечија трпеза. Освен двата најпрепознатливи бренда, сладоледите Metropoli и замрзнатиот зеленчук и овошје Gardenia, Cermat е присутен и со вкусното лиснато тесто Paneti, неодоливите млечни и кондиторски производи Delicia и Carina, како и линијата на замрзната риба Capetano.

Премиум-линијата сладоледи Metropoli, кои секое лето нè водат на незаборавно освежително патување, како и сладоледите во семејно пакување и тортите се направени според уникатен рецепт, кој им е познат само на мајсторите на добриот вкус во Cermat. Производите се пакувани во процес и амбалажа што гарантираат за квалитетот и за свежината.


Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт