Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Дием-ГП ДОО, производно-трговско претпријатие за производство и преработка на овошје и зеленчук со долгогодишно искуство

Дием-ГП ДОО е производно-трговско претпријатие за производство и преработка на овошје и зеленчук. Веќе дваесетина години е водечко претпријатие во оваа дејност.

Дием-ГП ДОО, како компанија, се наоѓаат на листата на 200 најуспешни фирми во Македонија во изминативе 7 години. За 2021 година се најдоа на 150 место на најуспешни компании, а забележуваат и раст во нивната добивка пред оданочување од 8.74%. Вработени во Дием-ГП се вкупно 78 лица.

Добро е познато дека во Дием-ГП се наоѓаат убедливо највкусните македонски традиционални производи. Како два од најпознатите и најдобарите производи може да се издвојат домашниот печен ајвар – Баш Ајвар како и домашниот ајвар - Gold & Premium.


Во својата богата палета на производи, Дием-ГП има околу 80 производи, во различни пакувања и големини. Поделени во три производни линии: црвена, зелена и слатка линија, можат да ги задоволат и најспецифичните вкусови на нивните потрошувачи. Исто така извршуваат активен извоз во повеќе од 30 земји во светот. Дием-ГП имаат свој дистрибутивен центар во с. Ржаничино кој опфаќа површина од 5000м2.

Дием-ГП има свој ланец на специјализирани маркети во кои освен нивните производи, застапени се и многу производи од истата категорија. Ланецот на специјализирани маркети го сочинуваат 20 маркети распространети на територијата на Македонија. Исто така, компанијата располага со стандардите ISO9001 и ISO22000 кој го вклучува и HACCP стандардот.

Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт