Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Државна Лотарија АД - современо акционерско друштво за одговорно приредување игри на среќа

Компанијата е во државна сопственост, основана според успешни примери и искуства од европските и светските државни лотарии, со цел континуиран придонес во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели.

Државна лотарија, активно придонесува во збогатување на содржините и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на нашата земја.

Тимот на Државна лотарија посветено работи на понуда и пласман на разновидни интересни игри на среќа со атрактивни премии, преку кои граѓаните ширум земјата, со симболично учество, низ забава, имаат можност за освојување парични и стокови добивки. Се побројното семејство среќни добитници што секојдневно се збогатува со нови среќни стории, имиња и адреси од различни краишта на земјата, ги оправдува и потврдува заложбите за основање и градење на компанијата. Со акцент на доверба и сигурност, компанијата работи во согласност со највисоките светски стандарди во областа на делување и применува најсовремена технологија за сигурност и контрола на безбедноста и квалитетот.

Компанијата бележи континуиран раст и развој и флексибилно одговара на сите предизвици на домашниот пазар и светските трендови. Согласно стратегијата за развој, Државна лотарија ги јакне и збогатува сопствените ресурси во чекор со европските и светски текови во дејноста, инвестирајќи во кадрови и технички ресурси. Во постојана двонасочна комуникација со играчите ги следи очекувањата и потребите на нашиот пазар и соодветно имплементира новитети со цел подостапни можности за забава и добивки и понуда атрактивни премии.   

Државна лотарија е членка на Европската асоцијација на лотарии што овозможува редовна размена на искуства со тимовите на државните лотарии на Европа, што се одразува на побрзиот раст и развој на компанијата. Во домашни рамки, Државна лотарија е докажан бренд и активен општествено одговорен субјект кој континуирано инвестира во сопствениот развој, како и во подобрување на квалитетот и содржините на живеење на граѓаните на нашата земја. Портфолиото на игри на среќа од типот на игри со извлекување добитни бројчиња, инстант лотарија и електронски игри на среќа е во постојан раст. Планскиот развој на компанијата се заснова на стратешки пристап во дисперзирање на мрежата на уплатно-исплатни места, зголемување на дијапазонот на понудата со нови игри на среќа и внесување новини во постоечки игри на среќа. Јакнењето на брендот и популаризацијата на игрите на среќа се рефлектираат на проширување на кругот на среќни добитници и се поголемата инвестиција во општествено корисни цели.

Државната Лотарија веќе неколку години по ред е член на најуспешните компании, а повеќе за нивното рангирање може да погледнете ТУКА.

Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт