Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕВН Македонија - македонско акционерско друштво за производство, трговија и дистрибуција на електрична енергија

Каков успех забележа ЕВН во 2021 година?

ЕВН Македонија, АД Скопје е енергетска компанија која на македонскиот пазар е активна од 2006 година. Дел е од ЕВН АГ Групацијата, водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина. ЕВН во изминатите години инвестираше над 500 милиони евра во подобрување на севкупниот квалитет на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија, како и на корисничките услуги.

ЕВН Македонија АД за 2021 година го забележа 44 место на листата на најголеми компании (рангирани според вкупен приход) и 5то место на листата на најуспешни фирми (рангирани според вкупната добивка пред оданочување). 

Мора да се напомене и најновиот член на семејството на ЕВН - ЕВН Хоме, коишто снабдува со електрична енергија над 700.000 корисници. Поточно, ЕВН Хоме ја извршува улогата на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај.  ЕВН Хоме во континуитет ја подобрува услугата кон корисниците, особено во делот на дигитализацијата.  Пример е корисничкиот портал ЕВН онлајн што постојано се надградува и е точка каде што се нудат интегрирани дигитални услуги.


ЕВН Хоме за за 2021 успеаа да ја заземат 4та позиција на најголеми компании и да остварат вкупен приход од 20.651.186.062 денари што е раст од 21,08% во споредба со минатата година. 

ЕВН Македонија е постојан член во долгогодишната традиција на едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ  И НАЈУСПЕШНИ и учествува во истата уште од 2006та година.

Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт