Четврток, 28 Март 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Kolid S - брзи, подвижни и флексибилни

Kolid S е една од најголемите дистрибутивни компании во Република Македонија за производи за широка потрошувачка, присутна на пазарот од 1994 година.

Големината ја градат и продолжуваат да ја градат на неколку силни столбови: искусен и професионален тим, постојана инвестиција во клучните ресурси, силната визија и најмногу преку стратегиската ориентираност кон задоволување на потребите и желбите на крајните потрошувачи.

Искусниот и професионален тим на Колид С е подготвен да одговори на секое барање за квалитетна дистрибуција до големите системи, ланци на маркети и до различните видови малопродажни објекти.

Како компанија постојано инвестираат во јакнење на клучните ресурси за создавање на современа дистрибуција, преку темелно градење на стабилна дистрибутивна мрежа, соодветно портфолио на производи, современ и опремен магацински простор и широк возен парк.


Колид С од 2016 е редовно влегува во листата на Најголемите и Најуспешните, а нивниот раст и развој може да го погледнете ТУКА.

Алкалоид пушти во употреба нов капитален проект вреден 19,4 милиони евра

Новите капацитети за производство на цврсти фармацевтски форми, со површина од 6.200 м2, се најкрупниот инвестициски потфат на компанијата во изминативе две децении

Адора Инженеринг - Само делата се вистина

Адора Инженеринг, како компанија посветена на градежништво, своите почетоци ги влече од 2002 година кога семејството Чифлиганец одлучи да се впушти во нови бизнис можности откако 1 деценија претходно работеше во фармацијата.

Најголемите работодавци во периодот од 2018 до 2022 година

Уште една анализа од податоците на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во која ги претставуваме најголемите работодавци и движењето на вкупниот број на вработени кај 50те компании кои биле дел од оваа листа.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт