Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Кромберг и Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ Битола – најголем работодавец на македонскиот пазар од 2018 година.

Неколку години наназад, односно од 2018 година, Кромберг и Шуберт го завземаат првото место како најголеми работодавци во Македонија

Кромберг и Шуберт е глобална индустриска групација која влезе на македонскиот пазар во 2012 година и оттогаш влијанието на оваа компанија во намалување на стапката на невработеност е од огромно значење за домашната економија.

Првичните најави на компанијата беа дека до крајот на 2015 година ќе бидат вработени 3500 луѓе. Иако оваа бројка не се исполни во планираниот период, сепак бројот на вработени до крајот на 2019 година достигна речиси двојно повеќе од планираното.

Неколку години наназад, односно од 2018 година, Кромберг и Шуберт го завземаат првото место како најголеми работодавци во Македонија и успешно го оддржуваат својот бизнис, задржувајќи се меѓу 10те најголеми фирми.

За жал, како последица на КОВИД-19 пандемијата и кризата која таа ја предизвика, затварањата на фабриките и прекинот на производство во 2020 година, компанијата беше принудена привремено да го намали бројот на вработени за одреден процент. Сепак, и покрај ова, Кромберг и Шуберт и понатаму останува убедливо најголем работодавец на нашиот пазар со над 5500 вработени. 

Погледнете кои компании се најдоа на листата на најголеми работодавци за 2020 година ТУКА.

Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт