Во едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ© освен компаниите, рангирани се и најголемите и најуспешните банки.
Рангирањето на банките се спроведува според официјални финансиски податоци добиени од Централниот регистар на С. Македонија. Рангирањето на најголемите банки се врши според вкупниот капитал и резерви, а рангирањето на најуспешните банки според вкупната добивка/загуба пред оданочување.
Можеме да забележиме дека имаме мали промени во ранговите на првите 3 банки рангирани за 2022 година.
#1
Капитал и резерви: 22.201.518.765 I Добивка: 2.617.019.115 I Ранг Најголеми:1 I Ранг Најуспешни: 2
Како и лани така и за 2022 година, како најголема банка на листата се најде Стопанска Банка АД Скопје. Стопанска банка АД - Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како првата банка во државата во 1944 година, Стопанска банка ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица што работат во Северна Македонија.. За 2022 забележаа раст во капиталот и резервите од 12,2% во споредба со минатата година.
#2
Капитал и резерви: 15.571.017.043 I Добивка: 2.680.320.546 I Ранг Најголеми: 2 I Ранг Најуспешни: 3
Втората позиција годинава ја зазема НЛБ Банка АД, Скопје. НЛБ Банка е банкарска институција во Република Македонија со постојан тренд на пораст и позитивни резултати од основањето до денес. Остварија вкупен капитал и резерви од 15.571.017.043 денари, а вкупната добивка изнесувала 2.680.320.546 денари. Со таа добивка НЛБ забележува раст во позицијата на листата на најголеми, а и на најуспешни банки. Имено за 2022 година рангирани се како број 1 најуспешна банка и како број 2 најголема банка во Македонија. Растот на добивката е прикажана со раст од 9,6% во споредба со минатата година.
#3
Капитал и резерви: 15.551.637.336 I Добивка: 2.311.033.367 I Ранг Најголеми: 2 I Ранг Најуспешни: 3
Како 3то рангирана се најде Комерцијална Банка АД, Скопје со капитал и резерви од 15.551.673.336 денари и вкупна добивка од 2.311.033.367 денари. Забележува раст во капиталот и резерви од 4,8%.
Погледенте повеќе за банките во делот на анализа на нашата страница.
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт