Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

НАЈПОЗНАТИ ВИНАРИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Местоположбата на Македонија создава идеални услови за одгледување на грозје и производство на вино.

Позната и како татковина на виното, Македонија е дом на повеќе винарии кои посветено ја продолжуваат со векови старата традиција на производство на вино. 

Најстарата винарска визба која постои уште од далечната 1885 година е Винарската визба Тиквеш која повеќе од еден век создава вина за сите свои љубители, со грозје од Тиквешкиот регион. Идеален поради својата положба, Тиквешкиот регион ги дава најквалитетните вина. Најпознат вински бренд на Тиквеш е црвеното вино Т'га за југ кое се добива од најмоќната црна винска сорта вранец. 


Сковин винарија својата приказна ја започнува во 1979 година, а денес ја раскажува низ 5 континенти и 18 држави. Вината на Сковин потекнуваат од Скопското виногорје, а најпознато е виното Марков Манастир кое го добива златниот медал на “Мундус Вини” а се произведува од винската сорта Вранец.

Винаријата Бовин е прва семејна винарија во Македонија, основана во 1998 година. Вкусот на вината од тиквешкиот регион Бовин ги пренесува во 30 држави на 5 континенти. Капацитетот за производство достигнува 1,5 милиони шишиња вино годишно.


Повеќе од 25 различни вина со карактеристичен вкус се дел од производните линии на Стоби винаријата. Сместена во Градско, во близина на античкиот град Стоби, од каде што и потекнува името, винарија Стоби обработува лозја на 13.000 хектари земја. Најпознато е виното Вранец. 

Основана во 2004 година, оваа модерна винарија со нови пристапи на производство на вино, ги комбинира традицијата и технологијата за да добие вина со врвен квалитет. Винаријата Камник сместена на 17 хектари во Вардарската Долина во скопскиот вински регион е местото каде се одвива целата магија на создавање вина од светски ранг. 

Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт