Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

НИКОБ ДООЕЛ - лојалност, професионалност и стабилност на прво место

Лојалноста, стабилноста и професионалноста беше одлика на компанијата од почетокот на нејзиното работење. Тоа беше единствениот предуслов НИКОБ, 25 години да е број еден агенција за обезбедување на имот и на лица во Македонија.

НИКОБ, агенцијата за обезбедување лица и имот, е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста, стабилноста и професионалноста беше одлика на компанијата од почетокот на нејзиното работење. Тоа беше единствениот предуслов НИКОБ, 25 години да е број еден агенција за обезбедување на имот и на лица во Македонија. Нашата политика во работењето се заснова на квалитет на услугите кои ги нудиме, користење  напредна технологија и достапност за сите. Ние секогаш сме посветени на работењето и на секојдневно подобрување на квалитетот во сите сегменти на понудените услуги, со што тежнееме и работиме лидерското место да го задржиме засекогаш.

Во почетокот на 2010 година, во НИКОБ се изврши промена на сопственичката структура. По преземањето, НИКОБ претрпе преструктурирање и ребрендирање на компанијата заради поголема ефикасност во работењето и за подобрување на целокупниот квалитет на услугите. Направени се големи инвестиции кои ќе продолжат и во наредниот период, повторно со цел  подигнување на нивото на квалитетот на услугите како и воведување низа новиуслуги, со што задоволството и безбедноста на нашите клиенти би била на највисоко ниво.

Во НИКОБ направени се следниве големи инвестиции:

Обновен е целиот возен парк со вкупно 160 нови патролни возила, блиндирани возила за транспорт на пари и на вредносни пратки и сервисни возила. Возилата се комплетно опремени со системи за радиокомуникација и современ ГПС систем, заради поефикасна координација со Дежурниот оперативен центар (ДОЦ).

Имплементирана е дигитална радиокомуникациска мрежа од реномираниот производител „КЕНВУД“ на територија на поголемите градови во државата.

Паралелно со развојот на радиокомуникациската мрежа, НИКОБ обезбедување, направи сериозна инвестиција во развој на современа радио-алармна мрежа како и нов напреден софтвер за следење и за обработка на алармни сигнали. Преку алармната мрежа брзо и безбедно пристигаат алармни дојави од цела Македонија до ДОЦ.

На 6 ноември 2010 година отворена е нова канцеларија на НИКОБ во центарот на Струмица. Со отворањето на канцеларијата и поврзувањето преку репетитори со мониторинг центарот во Скопје, услугите на НИКОБ станаа многу подостапни и во регионот на источна Македонија.

Денес НИКОБ може да се пофали со значително зголемување на обемот на работа и со гордост ќе истакнеме дека над 20.000 клиенти ги користат нашите услуги.


Растот и развојот на Никоб ДООЕЛ може да го погледнете на овој ЛИНК.

Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт