Оваа индустрија има клучна улога во домашната економија со својот придонес во вработеноста, технолошкиот напредок и економскиот раст.
Во оваа анализа ги прикажуваме 5те најголеми компании според вкупен приход во 2021 година кои делуваат во оваа фела.
Може да заклучиме дека и покрај тешките и неповолни услови во време на ковид кризата, овие компании за брзо успеаја да застанат повторно на нозе и да го продолжат своето успешно делување на нашето поднебје. Вкупниот приход на 12те компании кои се дел од индустријата е 172 милијарди денари, а дури 91,3% од тој износ, односно 157,1 милијарда денари се приходи генерирани од првите 5 компании. Од аспект на добивката пред оданочување која ја оствариле сумата е речиси 6 милијарди денари од кои 5,6 милијарди се 5те најголеми.
Може да се каже дека придонесот кон вработеноста е еден од поголемите и има големо значење за Македонија. Овие 12 компании во 2022 година вработувале вкупно 19143 лица. Од оваа бројка, 9242 лица биле вработени во првите 5 компании.
Во продолжение ги претставуваме подетално 5те најголеми компании од индустријата за производство на опрема и делови за моторни возила.
ЏОНСОН МЕТИ ДООЕЛ, Скопје
Вкупен приход: 127.906.532.233 I Вкупна добивка: 5.034.288.542 I Ранг Најголеми: 1 I Ранг Најуспешни: 1
\
Џонсон Мети е првата и најголемата странска дирена инвестиција која на нашиот пазар беше најавена од 2007 година, а со работа почна во 2010 година. Станува збор за британска компанија која е светски лидер во производство на катализатори за автомобилска индустрија и катализаторски системи за контрола на загадувањето.
Компанијата вработува повеќе од 950 луѓе и е најголемата и најуспешната компанија според официјалните податоци од Централниот Регистар. Најголем дел од производството е пласирано на странски пазари со што Џонсон Мети е и најголем извозник во Македонија.
Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ, Битола
Вкупен приход: 12.964.791.072 I Вкупна добивка: 174.455.346 I Ранг Најголеми: 8 I Ранг Најуспешни: 58
Кромберг и Шуберт е втората странска инвестиција на листата. Започна со работа во 2013 година во индустриската зона Жабени во Битола, и оттогаш е една од најголемите работодавци. Во 2022 година компанијата се рангираше на прво место како најголем работодавач на територијата на Македонија, со просечен број на вработени од 6270 лица.
Во однос на приходот и добивката, Кромберг и Шуберт е рангирана на 8мо место на најголеми и 58мо на листата на најуспешни.
Главната дејност на компанијата е производство на кабли за автомобили, а матичната земја од каде што е оваа странска инвестиција е Германија.
МАРКАРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, с.Долно Караслари, Велес
Вкупен приход: 5.911.084.778 I Вкупна добивка: 243.381.609 I Ранг Најголеми: 32 I Ранг Најуспешни: 72
Маркарт е исто така германска инвестиција која со работа во Македонија започнува во 2015 година, лоцирана во индустриската зона во Долно Караслари во Велес. Компанијата се занимава со производство на делови за автомобили, а работи односно произведува системи за многу познати брендови на автомобили. Основана во 1925 година, Маркарт на светскиот пазар постои речиси 100 години.
Рангирана е на 32ро место на листата на најголеми и 72ро место на листата на најуспешни компании и во 2022 вработува 550 лица во својата фабрика со што е и еден од најголемите работодавци во земјата.
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, Охрид
Вкупен приход: 5.837.971.273 I Вкупна добивка: 10.623.159 I Ранг Најголеми: 31 I Ранг Најуспешни: /
Компанијата Костал за прв пат се појавува на бизнис репертоарот на Македонија во 2014 година, а успешно делува веќе 7 години. Ова е една гигант компанија која се занимава со производство на електронски компоненти за автомобили, а фабриката во Македонија се наоѓа во индустриската зона во Охрид. Инвестицијата потекнува исто така од Германија, односно од германската компанија Леополд Костал ГМБХ.
Рангирана е на 31во место на листата на најголеми според вкупен приход, а вработува нешто помалку од 1000 лица во 2022 година. .
ЏОЈСОН СЕЈФТИ СИСТЕМС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, Кичево
Вкупен приход: 4.474.857.179 I Вкупна добивка: 114.804.811 I Ранг Најголеми: 62 I Ранг Најуспешни: /
Џојсон Сејфти Системс е еден од водечките производители на системи за безбедност во автомобилската индустрија. Во Македонија првично компанијата влегува под името Ки Сејфти Системс, а фабриката се наоѓа во Кичево.
Во 2022 година се рангира на 62ро место на листата на најголеми компании според вкупен приход, а просечниот број на вработени во компанијата изнесува 1354 лица.
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт