Петок, 11 Јули 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ПИВАРА СКОПЈЕ - Приказна која се прераскажува веќе 100 години

Пивара Скопје преставува лидер на пазарот за производство на безалкохолни пијалаци и пиво кој бележи постојан раст и одржлив развој.

На нашата листа на 200 најголеми и најуспешни компании се наоѓаат уште од првото издание на едицијата, поточно уште од 2003та година.

За 2022 година го забележаа 46 место на листата на најголеми (рангирани според вкупниот приход) и 12 место на листата на најуспешни компании (рангирани според вкупната добивка пред оданочување) во Македонија. 

Можеме да приметиме дека забележуваат исклучително значаен раст во нивниот вкупен приход. Имено, истиот во споредба со минатата година им е зголемен за 24,5%, додека пак растот во добивката е прикажан со 0.88%, со што ја потврдуваат и зацврстуваат својата позиција на пазарот уште една година. 

Во изминатата деценија, па сè до денес Пивара Скопје континуирано го унапредува своето работење во сите сегменти при тоа одржувајќи највисоко ниво на квалитет на своите брендови.

 

Пивара Скопје одбележала четврт век континуирани највисоки признанија на Monde Selection за квалитетот на СКОПСКО, највисоки признанија за најдобар индекс на квалитет за  Coca-Cola, иновирање на портфолиото со збогатување на нови брендови, вкусови и пакувања.

Во чест на својата 100-годишнина, Пивара Скопје, заедно со своите вработени, ја одбележа реализацијата на нови инвестиции од 10,7 милиони евра во современа опрема и најсовремена технологија, што овозможува понатамошна модернизација на компанијата и го поддржува нејзиниот долгорочен одржлив развој.

Пивара Скопје основа свој „Искусен центар“, интерактивен центар во рамките на капацитетите на компанијата, со цел да им овозможи на посетителите да патуваат низ 100-годишната историја и преку нивното активно вклучување да ја видат магијата на пивото.

Во своите капацитети содржат 5 основни пивски брендови и 22 осовни брендови на безалкохолни пијалаци. Просечниот број на вработени во ПИВАРА во 2022 изнесувал 391 лице. Исто така во соработка се со повеќе од 1000 локални добавувачи кои се дел од нивниот синџир на набавка. Т

имот на ПИВАРА Скопје се води по 4 основни карактеристики за одржливост и развој, а тоа се:

  • Купувачот на прво место
  • "Ние" пред "јас"
  • Одржливост
  • Едноставност

Македонски Телеком: Столб на профитабилност и иновации во телекомуникацискиот сектор

Македонски Телеком е лидер во телекомуникацискиот сектор во Северна Македонија, со континуиран раст на приходи и извонредна профитабилност. Препознат како еден од најуспешните и најиновативните оператори на пазарот во 2023 година.

Порше Македонија: Симбол на конзистентен раст и врвна ефикасност во авто-индустријата

Порше Македонија е пример за континуиран раст и врвна ефикасност во авто-индустријата, со силни финансиски резултати и стабилно присуство на пазарот во 2023 година.

Позицијата на ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА на македонскиот пазар

ЛУКОИЛ постојано инвестира во иновации и одржливи решенија, поставувајќи нови стандарди во енергетската индустрија на домашниот пазар.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт