Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Реплек Фарм - здравје достапно за сите

РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ е модерна фабрика за производство на лекови и други фармацевтски производи.

Дизајнирана, изградена и опремена во согласност со најновите барања за добра производна пракса и најстрогите барања за заштита на човековата средина, Реплек Фарм ДООЕЛ е современ, оперативен, високо-стандардизиран производен капацитет, кој произведува повеќе од 150 лекови, регистрирани во нашата земја и на многубројни странски пазари, во согласност со најстрогите барања за квалитет и безбедност на лековите. Нивна цел е континуирано имплементирање на нови технологии во работењето, изградба на нови капацитети, проширување на палетата на производи, зголемување на бројот на извозните парнери и постигнување на поголема економичност.

Нивна мисија е да развиваат нови проекти со можност за брзо регистрирање и пласман на постоечките и на нови пазари по прифатливи цени. Исто така инвестираат во унапредување на квалитетот, терапевтската ефикасност, сигурноста и безбедноста на генеричките лекови кои ги произведуваат. Реплек Фарм се стремат долгорочно да ја унапредат соработката со странските и домашните партнери притоа водејки грижа за крајните потрошувачи и нивните потреби. Една од нивните карактеристики е и континуирано зголемување на капиталот на акционерите преку водење на профитабилна, брзорастечка компанија.

Реплек Фарм ДОЕЕЛ од 2017 година е дел од елитното друштво на најголеми  i најуспешни компании во Македонија, а нивниот раст можете да го видите ТУКА.


Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт