Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

10 компании со најголем број на вработени

Погледнете кои се десетте компании во Македонија со најголем број вработени.
200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ Ви ја претставува листата на десетте најголеми работодавци на нашата територија, земајќи ги во предвид податоците за 200те најголеми и најуспешни од 2020та година доставени од Централниот регистар на Република Северна Македонија. 


На листата доминира секторот за производство на делови на моторни возила, поконкретно - половина од фирмите кои што формираат дел од листата, па така на првото место се најде германскиот инвеститор Кромберг и Шуберт, со фабрика  за производство лоцирана во Битола. Второто место му припадна на ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг од Кавадарци, додека пак Адиент Сеатинг од Штип, Гентерм од Прилеп и Амфенол Технолоџи од Кочани исто така се најдоа помеѓу десетте фирми со најголем број на вработени. АД ЕСМ, ЈП Национални Шуми П.О, АД Пошта на Северна Македонија се фирми во државна сопственост кои се рангираат највисоко на листата.

Што се однесува до приватниот македонски сектор, убедливо најголем број на вработени има македонската компанија Никоб која веќе повеќе години го зазема ова место и се занимава со приватно обезбедување, а од поскоро време и со приватни медицински и лабораториски услуги. Веднаш после нив следи нафтената компанија Макпетрол. 



Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт