Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ИГМ-Трејд, лидер на пазарот на заварени цевки и профили

Од своите почетоци, ИГМ- Трејд се развива како гринфилд инвестиција и прераснува во еден од најголемите производители на заварени цевки и профили од челик.

Успешната приказна на ИГМ-Трејд започнува во 1994 година. Од своите почетоци, ИГМ- Трејд се развива како гринфилд инвестиција и прераснува во еден од најголемите производители на заварени цевки и профили од челик во Европа, а со својот успех се рангираше во 200те Најголеми и најуспешни уште од првата година на оваа едиција.

Денес компанијата е извозно ориентирана со фокус на пазарите на ЕУ и ЦЕФТА, каде се пласира дури 95% од вкупното производство. Делува на вкупна површина од 500.000м2 и покриен простор од 280 000м2 и вработува над 450 луѓе. Производните погони на ИГМ-Трејд се опремени со 15 производни линии со вкупен годишен капацитет од 300.000 тони и постојано се инвестира во нова технологија која е заслужна за нивната лидерска позиција на пазарот.

Покрај главниот бизнис, ИГМ-Трејд се занимава и со преработка на челични котури во табли и траки, а производството опфаќа разни димензии и квалитети на производите. 



Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт