Среда, 17 Јули 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Компаниите гиганти во Словенија за 2022

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ги собра на едно место гигантите од неколку земји од регионот. Во оваа анализа ги објавуваме 50те најголеми компании во Словенија за 2022 година според вкупен остварен приход.

Компаниите вкупно оствариле нешто повеќе од 47 милијарди евра приход. Најголем приход има остварено Петрол ДД  од Љубљана, во износ од 7,9 милијарди евра. Од прикажаната листа забележително е дека најголем дел од компаниите, односно дури 50%, се лоцирани во Љубљана, а остварениот приход од страна на овие компании е дури 30,8 милијарди евра, што е повеќе од половина од вкупно остварениот од страна на сите 50 компании. 

Втора на листата е Холдинг Словенске Електране ДОО за снабдување со електрична енергија, гас и пареа, со вкупно остварен приход од 5,6 милијарди евра. По неа следи Ген-и Трговија и Продажба на енергија која се занимава со истата дејност и има остварено приходи од 4,4 милијарди евра. Станува збор за компанија која исто така е присутна и на македонскиот пазар со свое претставништво.

Белектрон ДОО и Горење ДОО се на четвртото и петтото место на листата, со приходи од 3,2 и 2,3 милијарди евра. Шестото и седмото место го завземаат две фармацевтски компании со остварен приближен приход од околу 1,7 милијарди евра поединечно, односно тоа се Крка ДД и Лек ДД. 

По нив, со 1,5 милијарди евра е Геоплин ДОО, компанија за трговија и транспорт на природен гас. Последните две места од првата десетка на најголеми компании се заземени од Импол ДОО чија дејност е од металопреработувачката индустрија и Пословни систем Меркатор која се занимава со малопродажба во неспецијализирани продавници. Двете компании имаат остварени приходи од по 1,3 милијарди евра. 

Целосната листа и податоците погледнете ги во табелата, а подетално за компаниите од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ прочитајте тука.

   


Квалитетен и одржлив енергетски систем за зелена Европа

Енергетската трансформација кон која се стремат сите земји во регионот на Југоисточна Европа понекогаш може да биде предизвик. Сепак, со паметни инвестиции, изградба, управување и одржување на енергетските системи, овие предизвици ги претвораме во можности.

Пекабеско: Традиција и иновација во производството и дистрибуцијата на храна

Дознајте како Пекабеско ја комбинира традицијата и иновацијата во производството и дистрибуцијата на храна.

КАМ Маркет: Лидер во малопродажната иновација и поддршката на заедницата

Како клучен играч во малопродажниот сектор во Северна Македонија, КАМ Маркет се истакнува со широк асортиман на производи и ориентираност кон клиентите, постојано поставувајќи стандарди во индустријата.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт