Сабота, 21 Јуни 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Конти Хидропласт - постојан развој на нови производи и технологии на македонскиот пазар

Конти Хидропласт е скоро 50 години на македонскиот пазар, основана во 1975 година, а се работи за фабрика за производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) црева и цевки.

Компанијата е извозно ориентирана, што може да се забележи и од нејзиното рангирање на листата на најголеми извозници за 2022 година како 21ва компанија со 2,74 милијарди денари остварен приход од продажба на странски пазар, што е 81,3% од вкупно остварените приходи. 

Со постојани инвестиции во нови технологии, порастот и развојот на компанијата низ годините се неизбежни, па така и нејзиното присуство во 200те најголеми и најуспешни компании во изминатите 20 години.


Во 2003 година Конти Хидропласт се рангираше како 160та најголема и 92ра најуспешна со само 55 вработени во тоа време. Оттогаш, забележителен е порастот на компанијата низ годините, како во поглед на вкупниот приход така и на добивката пред оданочување и бројот на вработени. 

Споредбено со 2003 кога вкупниот приход на компанијата изнесуваше 337 милиони денари, а добивката пред оданочување 25,7 милиони денари, 20 години подоцна нејзиниот приход е зголемен за 900,21%, додека добивката пред оданочување е зголемена за 1893,67%. Полека, но сигурно, е зголемен и бројот на вработени во компанијата, кој во 2022 година изнесувал 172 лица. 


Финансиските резултати во 2022 година ја рангираа компанијата на високи позиции на двете листи, односно на 80то место на листата на најголеми со остварен вкупен приход од 3,4 милијарди денари и на 30то место на листата на најуспешни со добивка пред оданочување од 512,8 милиони денари. 

Повеќе податоци за компанијата може да пронајдете тука, а целосните табели за сите компании се достапни на овој линк


Пуцко Петрол: Лидер и двигател на локалниот економски раст

Пуцко Петрол е една од најуспешните македонски компании, лидер во трговијата со горива, со значаен раст и влијание врз домашната економија.

Природата во служба на здравјето: Сè за билните екстракти и производите на Алкалоид

Од народна медицина до современи лаборатории — билките повторно стануваат главни сојузници на здравјето.

Општествена одговорност и иновации во ЛУКОИЛ Македонија

ЛУКОИЛ активно вложува во локални проекти и еколошки иницијативи, покажувајќи вистинска грижа за луѓето и животната средина.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт