Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ во 2022 година

Според македонското законодавство, осигурителните компании се строго поделени на оние коишто работат со животно и оние коишто работат со неживотно осигурување. Притоа, компанијата која работи со животно нема право да работи со неживотно осигурување - и обратно.

Во 2022 година, на осигурителниот пазар во Македонија работеле 16 осигурителни компании. 

Рангирањето на осигурителните компании во Македонија, во едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ се врши според бруто полисираната премија и според добивката пред оданочување.

Подолу Ви ги преставуваме најголемите и најуспешните 3 компании за 2022 година. 


#1

ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, Скопје

Бруто полисирана премија: 1.517.839.731 I Добивка: 47.704.512  I Ранг Најголеми:1 I Ранг Најуспешни: 2

На првата позиција, како најголемо осигурително друштво, според бруто полисираната премија, како и во минатата година повторно се наоѓа ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, Скопје. Триглав Осигурување АД, Скопје како друштво постои на македонскиот пазар од 1968 година.

Во 2022 успеаа да ја зголема својата бруто полисирана премија, а исто така и нивната добивка. Така, забележаа раст од 13,87% во бруто полисираната премија и 42,04% раст во нивната добивка пред оданочување во споредба со 2021 година.

#2

УНИКА А.Д. – Скопје

Бруто полисирана премија: 1.134.937.394 I Добивка: 42.424.732 I Ранг Најголеми: 2 I Ранг Најуспешни: 3

Второто место помеѓу најголемите осигурителни компании им припадна на УНИКА АД – Скопје. Лидерство, тимска работа и континуирани обуки се клучни фактори за успех на тимот на УНИКА во Македонија. Исто така и УНИКА, успеа да ги зголеми својата бруто полисирана премија како и добивката. Добивката за 2022 година изнесува 42.424.732 денари, додека во 2021 таа била под нулата. Со тоа Уника забележува една мошне успешна година и враќање на старите патеки. 

#3

ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВЊЕ, Скопје

Бруто полисирана премија: 1.125.322.945 I Добивка: 97.424.41  I Ранг Најголеми: 3 I Ранг Најуспешни: 1


На 3тото место на најголеми, но како број 1 НАЈУСПЕШНА осигурителна компанија се наоѓа Еуролинк Осигурување, Скопје. ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје e компанија за неживотно осигурување формирана во 2002 година како странска директна инвестиција со основачки капитал од 3,2 милиони ЕУР. Најуспешна осигурителна компанија Еуролинк беше и во 2021 година, па така со рангот од оваа година само го афирмираа нивниот успех и успешно работење во последниве неколку години. 


Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт