Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Распределба на вкупниот приход, добивката пред оданочување и бројот на вработени за 2021 по градови

Секоја година околу 300 компании од цела Македонија ги сочинуваат листите на 200 најголеми и 200 најуспешни фирми.

Денес за вас изготвивме анализа за сите компании кои се рангирани на листите за 2021 година и во табелата подолу ги прикажуваме сумираните податоци по градови. Може да се забележи, како што е и очекувано на некој начин, дека најголем приход и добивка пред оданочување имаат остварено компаниите во Скопје, а исто така и најголем број на вработени.



Имено, компаниите во Скопје имаат остварено вкупни приходи од речиси 640 милијарди денари, добивка пред оданочување од речиси 44 милијарди денари и просечен број на вработени од 56315 лица. Потоа следи Кавадарци со високи, меѓутоа значително пониски износи во однос на главниот град, а трета на листата е Битола. Последен е Пехчево со најмал приход и со просечен број на вработени од само 35 лица. Тука е значајно да кажеме дека од Пехчево имаме само една компанија која е рангирана помеѓу 200те најголеми и најуспешни компании. 

За повеќе податоци и информации за компаниите како и анализи, можете да ги посетите профилите на компаниите. 


Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт