Недела, 11 Мај 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Мермерен Кобинат, Прилеп - глобален лидер во екстракција и преработка на снежно-бел мермер

SIVEC® е регистрирана трговска марка на ситнозрнестиот бел доломитски мермер извлечен од каменоломите на компанијата, во близина на градот Прилеп.

Природата ни дала многу скриени богатства. Нашите предци успеале да откријат едно од нив и во последните шеесет и пет години, Мермерниот Коминат внимателно го користи и го претвора тоа во безвременски уметнички дела – секое со уникатна убавина и благороден изглед.

Компанијата е формирана во 1946 година и оттогаш се занимава со експлоатација и преработка на бел мермер. Stone Works Holdings, холандска компанија во сопственост на PAVLIDIS MARBLE-GRANITE од Драма, Грција, поседува 89,25% од акциите на компанијата.

Компанијата е целосно интегрирана. Петте големи каменоломи работат на долгорочна концесиска основа што гарантира стабилно снабдување со суровини. Големите и модерни производствени капацитети обезбедуваат успешно завршување на големи и сложени проекти. И внимателно избраната комерцијална мрежа и близината до пристаништето во Солун, Грција (околу 200 km), кој се користи како главен логистички центар, овозможуваат дистрибуција на SIVEC® на сите континенти.

Мермерен Кобинат АД, Прилеп е редовен учесник во едицијата 200 Најголеми и Најуспешни, а нивниот раст може да го погледнете ТУКА.

Супертрејд: Профил на Компанијата

Компанијата Супертрејд ДООЕЛ Скопје, основана во 1991 година, е пример за домашна компанија која преку стратешко планирање, адаптација и вложување во квалитет, денес претставува еден од најзначајните снабдувачи на нафта и нафтени деривати во Република Македонија.

Стентон Градба: Градат Иднина, Создаваат Вредност

Стентон Градба успешно реализира инфраструктурни, комерцијални и еколошки проекти со значајно влијание врз економскиот развој и квалитетот на животот.

Раде Кончар: Профил на Компанијата

Со повеќе од 70 години искуство, оваа компанија не само што го обликува електро-индустрискиот сектор во Македонија, туку и поставува нови стандарди на глобално ниво.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт